Заврши кампањата на Град Скопје за бесплатно подигање остатоци од берба

Од:

Кампањата на Град Скопје за бесплатно собирање остатоци од берба, која има за цел да се спречи палењето стрништа, за оваа година заврши.

Од Град Скопје информираат дека од заинтересираните граѓани кои се пријавиле на телефонскиот број 071 395 395, бесплатно се подигнати околу 260 кубни метри органски отпад. Посочуваат дека од следната година, оваа активност ќе влезе во годишната програма за работа на ЈП „Комунална хигиена“ и како услуга повторно ќе им биде достапна на граѓаните.

– Градот Скопје и оваа година ја продолжи кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Оваа кампања годинава го опфати целиот Скопски плански регион. Во кампањата се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури, како и Халк Банка со поддршка на промотивните активности, соопштуваат од Град Скопје.

Кампањата првпат беше организирана минатата година, од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет. Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“