Заврши европскиот проект „Заштита на населението од Карбинци и Струмјани и превенција од поплави“

Од:

Во Карбинци денеска беа презентирани ефектите од завршување на европскиот проект „Заштита на населението од Карбинци и Струмјани и превенција од поплави“, кој заеднички го реализираа општините Карбинци од македонска страна и Струмјани од бугарска страна.

На презентацијата присуствуваше и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и градоначалниците на Карбинци, Јордан Насев и на Струмјани Емил Илиев. Вкупниот буџет на проектот е 379.150 евра, а е финансиран преку Програмата за меѓугранична соработка Македонија-Бугарија.

Министерот Фазлиу истакна дека овој проект е значаен за двете страни, бидејќи во Карбинци се регулира коритото на Козјачка Река во должина од 256 метри, а во Струмјани реката Шашка во должина од 340 метри, со што се превенира излевање на реките.

– Станува збор за подобрување на коритото на Козјачка Река од македонска страна и на реката Шашка од страна на Струмјани. Откако ги видов сликите, како било во 2015 година, па дури и регионалниот пат, кој ја поврзува општината со градот Штип, кој тогаш бил поплавен, сфаќаме колку бил потребен и приоритетен овој проект. Се надевам дека општината Карбинци и другите општини во Република Македонија и во иднина ќе имплементираат вакви важни проекти финансирани од ЕУ, рече Фазлиу.

Тој истакна дека општините треба да ги користат европските пари, кои им се дадени на располагање, а посебно во услови кога имаат проблеми со финансиите.

– Сакам да потенцирам дека е и многу важна поддршката од страна на Министерството за локална самоуправа со кофинансирање од 15 %, кое дава една инекција на општините, за да можат што побрзо и корисно ги имплементираат овие проекти. Се надевам дека ова е многу добра порака колку е значајна соработката со нашите партнери, со нашите соседи Бугарија, Грција и ова е важна порака за сите граѓани на Република Македонија дека на 30 септември сите заедно треба да гласаме „ЗА“ Република Македонија да биде дел од Европска Унија и НАТО, рече Фазлиу.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев истакна дека со реализацијата на проектот веќе е заштитено населението на селото Карбинци од поплави. Потсети дека во 2015 година штетите од поплавите беа големи како на домаќинствата, стопанството, така и на земјоделските површини.

Градоначалникот на бугарската Општина Струмјани, Илиев забележа дека како општина реализираат и други проекти со македонски општини, а ефектите како што вели, од користењето на европските пари за неговата општина се големи. Потврда е, рече, и овој проект, со кој се заштитува месното население од поплави, а исто така во двете општини се обучени и 30 лица од институции и здруженија во областа на кризниот менаџмент.

Би можело да ве интересира

Паунов: Патната инфраструктура ќе биде во фокусот на општина Карбинци, ќе обезбедиме и 150 нови плацеви за домување

Програмата која ја ветивме во најголем дел е остварена, ги вративте општините на вистинскиот пат, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Со нож ја нападнал сопругата, баџанакот, дедото и бабата – двајца повредени завршија во болница

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Трет смртен случај во пожар во последниве 24 часа, човек изгорел во штала