Заврши битката , Спироски нов студентски лидер

Од:

Заврши битката за нов студентски лидер, просlедена со многу недоразбирања и обвинувања за партиска поданост и подршка.

Од преброените 90 гласови, убедливо води Кирил Спироски, студент на Правниот факултет .Спироски има убедливо водство со над 4.400 добиени гласа, а зад него се другите двајца против кандидати,  Трајче Митрев од Стоматолошкиот факултет, кој од досега преброените гласови има 2.400, и Шевал Нуредин од Економскиот, кој има  900 гласови.

Според информацијата на СПУКМ, на изборите вчера, од 9 до 17 часот, излегле околу 8.500 студенти од Скопскиот универзитет.

СПУКМ најави дека утре на прес-конференција ќе соопшти официјални податоци и детали за изборите за нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, кој ќе го замени досегашниот – Иван Живковски.

Поголемиот дел од студентите на УKИМ не беа заинтересирани да излезат и да го изберат својот   студентски лидер.

Радио МОФ, објави дека Правилникот за спроведување избори е донесен врз основа на непостојни членови од Статутот на УKИМ, што пак беше демантирано.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски