Заврши 23-та меѓународна Летна архитектонска школа

Од:

Со изложбата на дела во конакот на манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка беше затворена 23-та сесија на меѓународната Летна школа за архитектура.

Темата на годинашната сесија на школата беше „Капела за природата“, а во стариот манастирски конак беа изложени работните материјали на учесниците, 36 студенти по архитектура од универзитети од Америка, Холандија, Германија, Словенија и Македонија.

Со сесијата раководеше доц.д-р Јован Илиевски, а гостин-тутор беше познатиот фински архитект Сами Ринтала, еден од највлијателните архитекти кои работат мала архитектура во пејзаж.

Токму работата на Ринтала беше поттик менторите од Архитектонскиот факултет во Скопје заедно со студентите, со благослов на митрополитот кумановско-осоговски Јосиф, да направат мала капела, отворен павиљон во манастирскиот амбиент.

– Бидејќи пејзажот околу манастирот е извонреден, инспирирани од работата на туторот во амбиентот околу коплексот создадовме еден прекрасен отворен павиљон во природата, кој ќе остане како трајно сведоштво од оваа школа и учесниицте во истата. Инаку, ова не е наше прво искуство во градење, до сега нашите студенти во изминатите изданија на школата покрај проекти и цртежи, оставаа зад себе и архитектонски дела. Таков беше случајот во 2006 година со проф. Хрвоје Гериќ и 2011 со проф.Александар Бродски, изјави Јован Илиевски, професор на Архитектонскиот факултет од Скопје.

Меѓународната Летна школа за архитектура се одржува од 1992 година, во организација на Архитектонскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје, со поддршка од Министерството за образование и наука, во соработка со МПЦ и манастирот Св. Јоаким Осоговски и општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

ДУИ: Вистината е дека Македонија сè повеќе тоне во изолација

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра