ДНК-анализата на загинатите од авионската несреќа е завршена, телата денес ќе бидат предадени на роднините

Од:

Обдукцијата и идентификацијата на ДНК на телата на четиричленото семејство од Бугарија кое загина во авионската несреќа кај Солунска глава се завршени, потврдија од Институтот за судска медицина. Во текот на денот се очекува телата да бидат транспортирани во Бугарија и предадени на роднините.

Истрагата за падот на „цесната“ е во тек, а од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи формираа комисија која во соработка со бугарските служби ќе треба допрва да ги утврди причините за несреќата. Зошто пилотот летал над Солунска глава, дали имал соодветна лиценца и дали располагал со точни информации за временските услови, се дел од прашањата на кои ќе се посветат истражителите во наредните 30-тина дена , до кога треба да го подготват и првичниот извештај. Оттаму веќе наложиле да се земе примерок од горивото , да им се достави извешатј од метеоролошката станица, а побарале да ги преслушаат и снимките од контролата на летање , кои веќе протекоа во бугарските медиуми , а на кои се слуша дел од разговорот меѓу пилотот и контролорите.

Она што е познато, е дека пилотот полетал од Охрид и по дваесетина минути , пријавил турбуленции и побарал да слета на скопскиот аеродром. Но набрзо потоа тој го променил барањето и најавил дека продолжува со летот за Софија, по што се изгубил од радарот. Дел од медиумите објавија дека на пилотот не му било одобрено да слета во Скопје поради посетата на грчкиот премиер Ципрас, но од М-НАВ демантираа.

Во авионската несреќа на 2 април загинаа бизнисменот Георги Бошнаков кој управувал со авионот, неговата сопруга Калина и двете ќерки Гергана и Билјана Бошнакови.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

„Цесна“ кој непланирано прелета над Вашингтон се урна во Вирџинија, никој не ја преживеа несреќата

Авион преоптоварен со половина тон кокаин се урна во Папуа

А1он

Обвинителството во Софија ќе ја истражува авионската несреќа кај Солунска глава

Ана Ололовска

Бугарската Амбасада реагира на погрешно толкување на изјавата на амбасадорот Ангелов за несреќата кај Солунска глава

Ана Ололовска

Маринов: Телата на загинатите во авионската несреќа ќе се идентификуваат со ДНК тест

ВИДЕО: Снимка од увидот на авионската несреќа кај Солунска Глава

Ана Ололовска