Завршена реконструкција на 12.000 м2 пешачки патеки во вториот дел од Градскиот парк

Од:

Екипите на ЈП Улици и патишта, по интензивната работа во текот на изминатите месеци, ја завршија целосно реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк.

Реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градскиот парк по налог на Град Скопје, се реализираше во неколку фази и се одвиваше на вкупна површина од 12. 000 квадратни метри, известува Град Скопје.

Сите оштетени патеки во западниот дел и во средишниот дел кај малите езерца целосно се обновени со нова асфалтна маса и тој дел од паркот е функционален за рекреација и прошетки на граѓаните.

Содржините во вториот дел на Градскиот парк овој месец ги збогатија и екипите од ЈП Паркови и зеленило коишто поставија нова парковска опрема кај езерцата со нов видиковец изработен од дрвени елементи, соопштува Град Скопје.

Изминативе недели екипите ја обновија и оштетената урбана опрема во Градскиот парк, односно ги санираа оштетените клупи и садови за отпадоци, а ги обновија и ги пуштија во употреба по три години чешмите и фонтаните.

Градот Скопје и градските јавни претпријатија континуирано работат на одржување и збогатување на содржините на Градскиот парк истиот да биде пријатно место за рекреација и прошетка на граѓаните, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања