Завршена обдукцијата на телата на 13 загинати во автобуската несреќа

Од:

Во Институтот за судска медицина се примени 14 тела на загинати патници во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово. Завршена е обдукцијата на телата на 13 патници, а за два часа се очекува да заврши и обдукцијата, која е во тек, и на уште едно тело.

Ова за МИА го изјави директорот на Институтот за судска медицина, Алексaндар Станков, кој рече дека во тек е идентификациската постапка, која се врши заедно со МВР и утре би требало МВР да има официјална листа на загинати патници, официјално потврдена со идентитет.

Посочи дека извештајот ќе го достават до надлежен јавен обвинител.

– Нема утре да го доставиме, туку кога ќе ги завршиме анализите со извештаи за секоја обдукција. Тоа се 14 извештаи и треба обвинителот да ни каже што да работиме. Меѓутоа, идентитетот и листата на загинати ќе си ја има обвинителот, од полиција ќе си ја добие. Обдукциите од синоќа ги работиме, 13 се завршени, а на 14-тата се работи и за два часа ќе биде завршена, додаде Станков.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи во Унгарија

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он