А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Затворски полицаец му помогнал да побегне на осуденикот од Идризово кој ограби обложувалница

by А1он25/05/2023 - 16:4525/05/2023 - 16:483949
Share0

Против вработен од затворската полиција во „Идризово“ е поднесена кривична пријава бидејќи се сомничи дека му помогнал на затвореник да избеда од институцијата. 47-годишниот Ј.Ј. му ја дал службената картичка и осуденикот излегол од затворот.

Добивај вести на вибер

– Тој, во својство на службено лице – вработен во Затворска полиција во КПУ-КПД Идризово Скопје, го ослободил осуденото лице Д.К. од Куманово, овозможувајќи му да избега од установата. Имено, Ј.Ј. на 20.05.2023, додека бил на смена, го ослободил Д.К., осуден на издржување казна затвор до 2027 година за сторени кривични дела по чл.237 ст.1 и чл.396 ст.1 од Кривичниот законик, кој имал затворен третман од категорија Б2. Осуденикот, искористувајќи ја довербата на Ј.Ј., му ја побарал службената магнетна картичка за отворање на безбедносната врата од Отвореното одделение, со образложение дека ќе оди во друг дел од одделението каде претходно бил работно ангажиран. Откако осуденото лице ја отворило безбедносната врата, му ја вратило картичката на сопственикот, а потоа се оддалечило кон „зелената капија“. Нешто подоцна, при извршена проверка на бројната состојба, било констатирано дека осуденото лице недостасува, односно дека побегнало од затворот, информираат од МВР.

Бегалецот потоа ограби обложувалница во скопската населба Маџари по пшто беше уапсен.

hronika

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 14:08

15-годишник силувал тинејџерка

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 17:49

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:55

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 13:50

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 11:5027/02/2026 - 12:03

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Катерина Ѓуровски25/02/2026 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен