Затвореникот ќе се бара со потерница, директорот за санкции ќе бара виновници во „Идризово”

Од:

На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М. (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на „Лукоил“, службеното возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот, извести Министерството за правда.

„Осуденото лице во тој момент му го одзел службениот пиштол од футрола на затворскиот полицаец И.Х кој го возел комбето, пукал во него и го повредил во долниот дел на стомакот. Поради повредата, возачот го запрел возилото, а осуденото лице се дало во бегство со патничкото возило „ауди”. Вработените во затворската полиција го пријавиле случајот во СВР Скопје.

Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР. Издадена е наредба за распишување на централна потерница. Управата за извршување на санкции ќе направи вонреден надзор во КПУ Идризово и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница. Воедно ќе се утврдува дали постои одговорност за организацијата на спроведувањето на осуденикот како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан.

Осуденото лице Б.М. од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.Казната ја издржува од 28.12.2020 година а истекува на 17.4.2040 година“, велат од Правда.

Со почит,

Би можело да ве интересира

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Обвинителството: Уапсените затворски полицајци пуштиле осуден за убиство да побегне додека се лекувал во болница

Орце Костов

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Спектакуларно бегство на затворен од САД

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Грозоморно убиство во затвор во Србија: Го силувале со метла, починал старец

А1он