Затвореник со стаклена чаша нападна и повреди затворски полицаец

Од:

Затворски полицаец во КПУ Затвор-Штип бил вербално па физички нападнат од осуденик, при што добил исеченица на главата.

Како што информира МВР, додека пријавителот бил на своето работно место во КПУ Затвор-Штип, заедно со други затворски полицајци, на осуденикот му наредил да го предаде мобилниот телефон.

-Бил вербално нападнат од истиот со закани по неговиот живот и животот на неговото семејство. Потоа со стаклена чаша осуденикот го удрил пријавителот во пределот на главата нанесувајќи му телесна повреда-посекотина, соопшти МВР.

За настанот е запознат Јавен обвинител од ОЈО-Штип, велат од МВР и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата, лажеле дека бараат „часовник кој му го зела кучката Цеца“

Калифорнија: Затворски службеници се повредени од затвореник

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница

45-годишен осуденик од Велес починал во затворот „Идризово“

Затвореник од „Идризово“ со пиштол му се заканувал на познаник