А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Затворена за сообраќај десната лента на мостот Градско-Неготино кај Стоби

by А1он31/01/2017 - 18:3101/02/2017 - 08:18165
Share0

Поради оштетување на дилатација на мостот на автопатот А-1 Градско-Неготино кај Стоби на Црна Река за сообраќај е затворена десната лента. Сообраќајот се одвива по левата коловозна лента, а поставена е и содветна сигнализација.

Добивај вести на вибер

– Затворена е лентата за возење, а слободна е таа за претекнување. Причината за затворањето на лентата е оштетувања на дилатационата фуга на мостот. Затворањето е направено поради безбедно одвивање на сообраќајот, информираа за МИА од работната единица на ЈП Македонијапат во Велес.

Се очекува надлежни субјекти да извршат увид на лице место со цел преземање на соодветни мерки за трајно решавање на проблемот.

До возачите се апелира за внимателно возење и приспособување на брзината спрема условите на патот и поставената времена сигнализација, заради нивна безбедност, но и безбедност на останатите учесници во сообраќајот.

Граничниот премин Богородица-Евзони се уште е блокиран од грчка страна каде се поставени трактори и поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила. Границата може да се помине само пеш.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози.

patista

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:52

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен