Денеска е затворена скопската Зоолошка градина од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, откако било пријавено дека неколку животни угинале во последните неколку дена.
Засега се знае дека се испитува дали кај гуските има бактерија од која можат да се заразат и луѓето.
Поранешниот директор на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски објави на Фејсбук дека станува збор за „птичји грип“.
„Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во зоолошка градина Скопје. Во моментов Зоолошка е затворена посетителите евакуирни инспектори се веќе влезени
Ги замолувам посетителите и колегите сите што ја посетиле деновиве да се проверат“, напиша Галетановски на Фејсбук.