Затворена чајџилница во Куманово, ќе биде поднесена кривична пријава

Од:

Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во чајџилница, при што е констатирано дека објектот работел надвор од дозволеното време и во него биле затекнати 20 лица, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 06.03.2021 во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово е извршена контрола во чајџилница на ул.Карл Маркс во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица, велат од МВР.

Објектот од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен.

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он