Затворен угостителски објект во Тетовско, затекнати близу 100 лица

Од:

При извршена контрола од страна на полицијата во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово-село Желино доцна синоќа во 23.45 часот биле затекнати 94 лица, од кои 73 гости. Затекнати се и 17 државјанки на Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија.

Од МВР денеска соопштија дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и интервентната полиција при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат по претходно добиени сознанија извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека објектот работи спротивно на законот односно мерките за справување со коронавирусот.

– Исто така, при извршената контрола пронајдена е марихуана и метадон при што лишени од слобода се две лица против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ. Против 17 лица ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. 418а од КЗ, а против сопственикот на локалот ќе биде поднесена пријава по чл. 206 од КЗ., се појаснува во соопштението од МВР.

Изречени се и три санкции за неносење лична карта и лицата се приведени во СВР Тетово со цел, стои во соопштението, утврдување на идентитет.

При контрола на локалот во посебно изработени рафтови со бројки, наведуваат од МВР, биле пронајдени пари.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е пломбиран и има забрана за вршење на дејност со времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он