Затворен угостителски објект во Чегране, приведен сопственикот

Од:

Синоќа во 21:15 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициското одделение Чегране извршиле контрола во угостителски објект во селото, сопственост на В.Ф.(37) од Чегране. При контролата, во објектот биле затекнати четири лица, заедно со сопственикот и било констатирано дека не биле почитувани мерките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19.

– Објектот бил затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственикот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина