Затворена чајџилница во Арачиново, приведен сопственикот

Од:

Полицијата вчера по 21 часот во соработка со Државниот пазарен инспекторат затвори чајџилница во скопско Арачиново и го приведе сопственикот заради работење по дозволеното време и голем број на гости во објектот.

Како што информира МВР, полициски службеници од ЕВР, ОКР Гази Баба, Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера во 21:20 часот извршиле контрола во чајџилница во село Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости.

-Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од село Арачиново и тој е приведен во Полициското одделение Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ, соопшти МВР.

Објектот е затворен од инспектори на Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он