Затворен хотелот Бристол

Од:

Најстариот скопски хотел, надалеку познатиот „Бристол“ после 90 години постоење, од денеска е затворен. Раководството на хотелот, компанијата „Македонија турист“ денеска не беа достапни за информација зошто е затворен овој туристички објект, објави „Телма“.

„Без да ни кажат ништо, одеднаш добивме решенија за технолошки вишок. Тоа за нас е шок затоа што не сме луѓе во години и се прашуваме кој ќе не вработи. Инаку како причина за затоврањето на хотелот, ни рекоа дека е од економски причини и не добивме никакво дополнително објаснување“, рече Свето Славевски, вработен во „Бристол“.

Според вработените, хотелот работел добро и затоа се чудат зошто е донесена одлука за негово затворање.

Хотелот „Бристол“ го изградила фамилијата Караџа во 20-те години на минатиот век. Од нејзиното основање во 1963 година, до денес, со хотелот стопанисува компанијата „Македонија турист“.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан