Затворен булевар в недела поради снимање филм, ќе се симулира експлозија

Од:

Продукцијата „Скопје филм студио“ ја известува јавноста дека во периодов се работи на снимање нов долгометражен игран филм со работен наслов „Хомо“ во режира на Игор Иванов, чија продукција е поддржана од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија, како проект од национален интерс од филмската дејност.

Од продукцијата јавуваат дека филмот се снима на повеќе локации низ Град Скопје, а во недела на булеварот Видео Смилевски – Бато во периодот од 10 до 17 часот сообраќајот ќе се одвива со посебен режим на сообраќај и истиот ќе биде стопиран и пренесочуван кон околните улици со повремени пропуштања на возилата.

„Ја известуваме јавноста дека во сцената која ќе се снима на оваа локација ќе се употребат специјални филмски ефекти со кои ќе биде симулирана експлозија на рачна бомба“, велат од продукцијата.

Тие ги замолуваат граѓаните да ја избегнуваат оваа улица во наведениот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени