Затруени 220 работници од третата смена во Леар

Од:

Двеста и дваесет работници од фабриката Леар во технолошко развојната зона кај Тетово изминатата ноќ биле примени во болниците во Тетово и Гостивар откако се затруле најверојатно од храна.

Според првичните информации од полицијата, случајот бил пријавен од медицинскиот персонал во тетовската Клиничка болница околу 4 часот и 40 минути по полноќ откако претходно околу 1 часот била поделена вечерата на работниците што биле трета смена на работа во Леар. По околу два часа од вкупно 264 работници колку што биле на работа, кај 220 од нив се појавиле првите симптоми на труење од храна – повраќање, болки во стомакот, вртоглавица и слично. Најголем дел од работниците биле примени во тетовската Клиничка болница, а 23-ца кои биле по потекло од Гостиварско биле префрлени за лекување во гостиварската болница.

Според досегашните податоци, дел од работниците по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

Екипи на полицијата извршиле увид во фабриката при што зеле примероци од храната и други траги за вештачење и работат на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски