Засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на убиството на Зулфиќар М. од Кичево

Од:

Полициската станица од Кичево, презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителот на кривичното дело „разбојништво“ во кое со смртни последици се здобил Зулфиќар М. (77) од Кичево.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, денеска информираше дека по наредба на Јавниот обвинител, ќе биде извршена обдукција врз телото на сега починатиот З.М., како и дополнителни активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот на кривичното дело. 

Безживотното тело НА Зулфиќар М., појаснуваат од СВР Охрид, го пронашол неговиот син вчера во 16 часот и 55 минути во куќата на својот татко на улицата „Јосиф Јосифоски-Свештарот“ во Кичево. Тој, при влегување во куќата забележал претурање на предметите од покуќнината, а во една од собите на приземјето го видел безживотното тело на неговиот татко. Смртта ја константирал доктор од „Општа болница“ од Кичево кој забележал видливи повреди во пределот на главата.

На местото на кривично правниот настан, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, полициски старешини од СВР Охрид, вешти лица од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи, како и полициски службеници од полициската станица  Кичево. Притоа, константирано е, инјформираат од СВР Охрид, дека кривичното дело е извршено во временскиот период помеѓу 9-ти и 10-ти овој месец од засега непознат сторител кој насилно и со кршење на стакло од светларникот направил отвор, влегол во внатрешноста на куќата и извршил  пребарување низ собите на приземјето и горниот кат. При извршувањето на делото, случен е напад врз животот и телото на сега починатиот сопственик на куќата.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски