Засилени контроли на струшката сообраќајна полиција заради поголема безбедност

Од:

Струшката полиција исклучи неколку возила од сообраќај заради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, во последната акциска контрола биле евидентирани нерегистрирани и технички неисправни возила.

– Три возила се исклучени од сообраќај во вчерашната акциска контрола заради необновена регистрација. Едно возило е исклучено заради техничка неисправност и уште едно заради тоа што лицето кое го управувало не поседувало возачка дозвола, вели Димоски.

Според него, во пресрет на главната туристичка сезона ќе се спроведуваат засилени контроли на струшката сообраќајна полиција заради зголемена безбедност и подигнување на сообраќајната култура кај учесниците.

– Ќе се контролираат пешаците кои најчесто преминуваат коловози на места кои не се дозволени и обележани за премин. Контроли ќе се спроведуваат и кај моторциклистите во однос на носењето на задолжителната кацига. Посебно внимание ќе се посвети и на возачите кои престигнуваат на недозволени места, додава Димоски.

Моменталната безбедносна состојба на подрајчето каде што делува СВР Охрид, според Димоски е стабилна, а превентивните мерки ќе бидат приоритет и во делувањето на струшките полициски службеници.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи