Засилена контрола на дивите депонии во Гевгелија

Од:

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска од комуналната инспекциска служба побара да ги засили контролите на дивите депонии и инсистираше комуналните редари да ги контролираат почесто во попладневните и вечерните часови кога, како што рече, несовесните граѓани фрлаат разни отпадоци.

– Мојата реакција и барањето за засилени контроли на дивите депонии е одговор на многубројните поплаки од граѓаните на општина Гевгелија, кои во последно време најмногу се однесуваат на неконтролираното фрлање отпадоци на дивите депонии кои на неколку локации во околината на градот се создаваат покрај локалните патишта, рече Франгов.

Инспекциските служби веднаш интервенирале и побарале од сопственик на парцела во близина на Кованска река, која е претворена во дива депонија да го отстрани отпадот во најкус временски рок и најавија чистење на отпадот од речното корито.

Договорено е инспекциските контроли на дивите депонии да се вршат и за време на викендите

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on