Заштитни визири за Здравствениот дом во Крушево

Од:

Околу 300 заштитни визири доби Здравствениот дом во Крушево, донација преку Општината, а ги изработуваат неколку волонтери и ентузијасти од градот.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, визирите се наменети за медицинскиот персонал во Здравствениот дом, а и за други служби.

-Визирите се за потребите на најизложените служби како Здравствениот дом, Итната медицинска помош, за лабораторијата, за сите приватни ординации во општината, за полицијата и за крушевските пожарникари, рече Христоски.

Крушевскиот здравствен дом дополнително ќе добие и заштитни скафандери за прифаќање итни случаеви со симптоми на вирус. Досега во Крушево нема заболени од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Притвор за крушевчанец – две години ја демнеше поранешната сопруга

А1он

Христоски: Kрушево е модерен град, гордост и симбол на Македонија

Горан Наумовски

Спасен е параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо 30 метри во близина на Крушево

Горан Наумовски

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево