Судскиот процес за „Дива населба“ продолжува денеска во Основниот суд Скопје 1 со сослушување на заштитетни сведоци.
Од Судот информираат дека денешното рочиште ќе биде затворено за јавноста. Заштитните сведоци ќе дадат искази на предлог на Јавното обвинителство.
Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во Кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.