Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“

Од:

Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“, рече премиерот Зоран Заев.

– Согласно позитивните прописи во Македонија утврдивме дека таа не може да се вклучи во средината од судскиот процес. Мора процесот да заврши до фаза на правосилност на пресудата за потоа да се внесат меѓународни претставници како коментатори, како луѓе кои што ќе бидат во самиот процес, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршување на денешното рочиште за „Поткуп“.

Според него, детали може да каже Министерството за правда во зависност од тоа кога завршила одредена фаза од постапката и преку меѓународна експертиза ќе може да се искоментираат и да се дадат одредени ставови во врска со овој предмет.

Владата во ноември минатата година прифати да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Дива населба“. Премиерот Зоран Заев изјави дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската „Дива населба“.

Од 37 обвинети за тероризам и терористичка организација, 33 лица беа осудени за делата, а за четири лица е донесена ослободителна пресуда. За осуммина беше изречена казна од доживотен затвор.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма