Заштита од препишани магистерски и докторски трудови

Од:

Министерството за образование и наука ќе формира две нови бази – за докторски студии и база за проверка на плагијати на магистерски, специјалистички стручни трудови и семинарски работи. Тоа е овозможено со последните измени на Законот за научно-истражувачка дејност усвоени во јуни.

Првата база ќе се води на веб-порталот nauka.mon.gov.mk, а втората на порталот plagijati.mon.gov.mk. Тие ќе содржат податоци за авторот на трудот, установата на која е запишан и за темата на  трудот.

„Целта е да се обезбеди јавност во научната работа на научните и стручните кадри, како и квалитетни и научно докажани изворни докторски и магистерски трудови. Се обезбедува и широка достапност на научните области во кои се истражува во Република Македонија, споредливост на научно-истражувачката работа на меѓународно ниво. Овие бази ќе придонесат и за планирање на развој на научните области и нивно насочување за општиот стопански и демократски развој. Покрај ова, се обезбедува и развој на етичноста во научното истражување“,изјави министерот Панче Кралев .

 

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска