Заштита од кражби во летниот период во Општина Аеродром

Од:

Општина Аеродром денеска пред ТЦ „Капитол Мол“ го промовираше проектот „Заедно до поголема сигурност“, за превенција од имотни деликти и кражби во летниот период, кој се организира во соработка со полициската станица „Аеродром“, СВР Скопје и „Капитол Мол“.

Целта на проектот е да се информираат граѓаните како да се заштитат од кражби, со што ќе се подобри безбедносната состојба на територијата на Општината и Град Скопје.

Во рамките на проектот пред ТЦ „Капитол Мол“ ќе биде поставен информативен пункт на кој полициски службеници ќе делат совети и ќе одговараат прашања од граѓаните. Оттука ќе се дели пропаганден материјал и препораки за спречување кражби во станови, куќи и возила.

Преку едукацијата на граѓаните се подигнува свеста за преземање соодветни мерки за самозаштита од провални кражби. На овој начин се зголемуваат безбедносните мерки и безбедносната култура и се интензивира соработката меѓу граѓаните и полицијата.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош