Заштедени 2.400.000 денари во Општа болница Кавадарци

Од:

Заштедени се 2.400.000 денари во Општа болница Кавадарци, рече денеска директорот Диме Коцев, по повод одбележувањето на 7 Април, Светскиот ден на здравјето, годинава под мотото “Здравје за сите, здравје насекаде“.

Тој се осврна на се она што е направено во овој регионален центар во кој се лекуваат граѓани од четири општини.

– Во изминатите седум месеци првпат во нашата болница беше поставена сондата за ЕХО на срце, досега се прегледеани 189 пациенти. Во ортопедската амбулантае воведен ехо преглед на колкови кај новороденчиња, прегледани се 167 бебиња. На интерното одделение формиравме ендоскопска амбуланта за испитување на горен и долен дигестивен тракт, односно гастроскопија и колоноскопија. За колоноскопијата карактеристично е што не е застапена на пример во Прилеп, Гевгелија, Струмица, Велес. Досега се направени 76 колоноскопи, рече Коцев.

Тој додаде дека за да ја вратат изгубената доверба кај пациентите, ангажиран е специјалист гинеколог од Клиниката за гинекологија Скопје, кој е континуирано присутен во болницата и со тоа секое раѓање е под стручен надзор.

Оцени дека ефектот од оваа мерка во изминатите пет месеци во споредба со истиот период лани е зголемен број породувања за 10 проценти, зголемен број прегледи за 20 отсто и 30-процентно зголемување на бројот на оперативни третмани.

За подобрување на здравствената заштита на граѓаните од регионот, набавено е комплетно ново целосно опремено санитетско возило за брз и сигурен транспорт до сите медицински установи во земјата.

– За подобрување на условите на работа на медицинскиот персонал и престој на пациентите, го подобривме квалитетот на исхрана и првпат дистрибуцијата на храна до пациентите се врши по хасап систем. Хигиената ја доведовме на завидно ниво, првпат двата главни болнички тоалети се комплетно реновирани, а се пристапи и кон реконструкција на тоалетите во сите одделенија.

– На двата главни влезови на болницата беа поставени автоматски врати за затварање на објектот, што придонесе за затоплување на објектот во зима и сега првпат пациентите не мора да носат греалки од дома. Ефектот во споредба со лани е заштеда на 40 тони нафта и помала сметка за електирчна енергија од вкупно 500 илјади денари, така да вкупната заштеда која ја остваривме е 2.400.000 денари. Овие заштедени средтсва ќе ги инвестираме во опрема која и недостига на болницата, додаде директорот.

Се осврна и на тоа дека болничкиот двор после долго време е исчистен и е во план хортикултурно уредување.

– Почнавме со оградување на дворот со бетонски постамент и челична ограда во должина од над 1000 метри. Изградивме и нов модерен влез во болницата како и реконструкција и осветлување на главните влезни скалила. Ја реновиравме и ставивме во употреба и портирницата на влезот. Сепак не чека уште многу работа за да го зголемиме степенот на заштита на граѓаните со нови инвестиции, нови проекти меѓу кои набавка на апарат за компјутеризирана томографија, апарат за анестезија, изградба и опремување на втора хируршка сала, ставање во употреба нов ургентен центар во општа болница. Потребен ни е исто така дополнителен стручен кадар за кој се надевам дека ќе го обезбедиме набрзо со помош на Владата и Министерството за здравство, рече Коцев.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска