Засега нема пристигнато барање од Румен Радев за средба со Сиљановска Давкова, вели Мицкоски

Од:

До овој момент нема пристигнато каков било коментар од Кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев за евентуална средба со Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на НАТО самитот во Хаг, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски, посочи дека засега единствен коментар е преку медиумите и тоа е изјавата на европскиот пратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од сестринската партија ГЕРБ, која може да се толкува како одбивање.

-Немаме пристигнато било каков коментар од кабинетот на Радев. Само преку медиумите, ако тоа може да се толкува како одбивање е онаа изјава на европскиот пратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од сестринската партија ГЕРБ, кој што вели дека не и е потребна на Бугарија никаква медијација и од тука можеме да толкуваме дека тие ја одбиваат практично отворената понуда, која што овде во Скопје ја даде министерката за надворешни работи на Австрија, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за операртивниот план за вработување.

Прашан за коментар во однос на креативниот предлог на претседателката Сиљановска Давкова за т.н. трет протокол во однос на историската комисија, Мицкоски рече дека не би коментирал јавно креативни предлози.

-Не би коментирал јавно креативни предлози, ќе се воздржам. Би се насочил на она што е сега пред нас факт, а тоа е оваа резолуција од Европскиот парламент, која за првпат во историска смисла има за цел и тоа го повторува во самиот текст неколку пати, избројале дел од медиумите кај нашиот источен сосед, четири пати. Фактот, а тоа е, многувековниот посебен македонски идентитет и посебниот македонски јазик чијашто меѓународна кодификација од 80-години ја чествуваме пред некој ден, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски го штити Коцевски – Коцевски ги штити вмровските функционери од одговорност за Кочани

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Тоа што не успеа Тодор Живков и плејада други бугарски политичари со Македонија, успеа во време на СДСМ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

Мицкоски: Поединци од СДС потпалуваат за да има политички пожари, а го бранат и Коцевски како последен бастион кој го брани нивниот криминал