Засадени 70 дрва во Градски парк од општествено одговорни компании и организации

Од:

Компании и организации учесници на првиот „Форум на добри компании“ денеска во Градскиот парк во Скопје засадија вкупно 70 зимзелени дрвца.

Пикникот на добри компании е во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје и „Скопје Мериот Хотел“.

Амбасадорот на Кралството Холандија Ваутер Пломп рече дека дрвјата се иднината на градот и дека денешниот настан е одличен пример за корпоративно-општествената одговорност.

– Никој не може да работи сам. Соработката меѓу бизнис секторот и граѓанските организации е одличен модел за постигнување позитивни промени во општеството, изјави Пломп.

Директорката на „Паблик“ Климентина Илијевски рече дека со денешната иницијатива зад себе оставаат позитивни отпечатоци во природата.

Дрвјата ги обезбеди „Скопје Мериот хотел“ заедно со холандската компанија „Еуропеан плантс“ од Тетово, а парцелата за садење Град Скопје.

Генералниот менаџер на „Скопје Мериот Хотел“ Дирк Влирбум рече дека инвестирањето во заедницата е основата на нивната стратегија за корпоративна-општествена одговорност и затоа одлучиле да се „раззелени“ настанот преку садење дрвја.

– Верувам дека ова ќе стане добра традиција бидејќи заедно сме подобри и можеме да направиме уште поголема разлика во заедницата во текот на целата година, изјави Влирбум.

Следниот Форум на добри компании е закажан за 2 ноември 2017 година.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство