Заразени наставници и ученици во Средното уметничко училиште, отсега само онлајн-настава

Од:

Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје од понеделникот е затворено за практична настава за учениците превентивно за да се спречи натамошно ширење на заразата со КОВИД-19, откако шестмина наставници и пет ученици се инфицирани и имаат решенија за изолација, а уште 20 ученици се во самоизолација поради контакт со заразените, потврди директорот на училиштето Филип Фидановски. Според неговата одлука, наставата за учениците во целост ќе биде онлајн до 2 април, а не исклучува можност да трае и понатаму до завршување на овој нов бран на вирусот.

Професори од училиштето со допис до медиумите реагираа дека директорот со „самоволна, неоправдана и притивзаконска“ одлука го затворил за настава училиштето ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ кое, како и средното музичко училиште, има дозвола за настава со физичко присуство за практичниот дел.

Фидановски ги отфрли нивните обвинувања и изјави дека мерката е превентивна зашто се заразени шест наставници и пет ученици, како и 20 други во самоизолација, и дека не се работи за затворање на училиштето туку наставата ќе продолжи онлајн за учениците, а наставниците кои не се заразени ќе предаваат од работното место.

– Одлуката е донесена превентивно и само за да нема понатамошно ширење на вирусот од деца на професори. Училиштето си работи, професорите кои не се во изолација доаѓаат на работа, држат часови од училиште. Одлуката е само за учениците да не доаѓаат за да нема ширење со оглед на ситуацијата во целата држава. Имаме присуство на деца кои го пренесуваат вирусот и тоа може да придонесе за ширење во овој бран. Што ако се разболат сите професори, тогаш кој ќе предава?, изјави Фидановски за МИА.

Одлуката е донесена, рече, согласно со член 92 од Законот за средно образование, според која директорот е тој којшто ја организира наставата во училиштето, додавајќи дека проценил оти е подобро да преминат во целост онлајн отколку да се разболат сите во училиштето, а се консултирал и со епидемиолог.

Во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ општообразовната настава се организираше онлајн, а за практичната учениците секој ден одеа во училиште според распоред на часови. Училиштето има околу 290 ученици и 37 професори.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска