Започнува времен режим на сообраќај за тешки товарни возила во викендите и најжешките денови

Од:

Од денеска на македонските патишта започнува да се применува времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти АМСМ.

Забраната за тешки товарни возила важи во петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 – 18:00 часот и недела од 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела од 07:00 – 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска