Започнува Дојранско лето 2013

Од:

Со манифестацијата „Дојран гурман фест“ де неска официјално започнува Дојранско лето 2013, прва од многуте што годинава ќе ги организира Туристичкото биро со поддршка од општината.

Како што информира Туристичкото биро, настанот ќе се одржи во паркот во Нов Дојран и ќе биде фестивал на традиционална храна од дојранското поднебје, а ќе биде подготвена од вештите раце на жените од повеќе здруженија на жени од градот.

Манифестацијата ќе има и културно-забавен дел со изведба на мини хумористична тетарска претстава, со настап на КУД „Ѓорги Абаџиев“ и концерт на македонската поп ѕвезда АлександарТарабунов.

Се надевам дека дојранските културни збиднувања ќе продолжат да не оставаат без здив. Општина Дојран традиционално и со голема гордост ќе ги организира ваквите настани бидејќи преку нив со години успешно гради мостови кон соседите, постојано и одново докажувајќи дека грижата за уметничките вредности и традицијата се од големо значење за општината, истакна градоначалникот на Дојран, Борче Стамов.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Се шири пожарот кај Дојран, се очекува поддршка за гаснење од воздух

Горан Наумовски

Уапсени дваесет лица, од кои еден Грк: Фатени се со дрога на фестивал во Дојран

Орце Костов

Градоначалникот на Дојран бара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“

Ана Ололовска