Започна втората фаза од проектот за реконструкција на улицата Сарај

Од:

Градот Скопје денеска ги започна градежните работи на втората фаза од проектот за реконструкција на улицата Сарај.

На почетокот на градежните работи присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати.

– Денеска започнуваме значаен инфраструктурен проект за општина Сарај и Скопје, а тоа е втората фаза од проектот за реконструкција на улицата Сарај. Минатата година ја реконструиравме оваа сообраќајница на потегот од храмот „Света Злата Мегленска“ до патот што води кон селото Љубин, на должина од 665 метри. Денеска го продолжуваме овој проект, од таму каде што застанавме минатата година до раскрсницата со локалниот пат кон населеното место Глумово и клучката кон Тетово. На овој потег, кој што е во должина од околу 1200 метри, целосно ќе се реконструира коловозот, а ќе се направи и обнова и на пешачките патеки, рече градоначалникот Трајановски.

Со ова, додаде тој, ја продолжуваме реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти во оваа општина, каде пред една седмица ја започнавме и реконструкцијата на главната улица во населеното место Глумово. Со реализацијата на овие проекти, смета Трајановски, значително ќе се подобрат условите и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Градоначалникот на Сарај Мурати изјави дека реконструкцијата на улицата Сарај е одличен проект и дека со реализацијата на оваа фаза, заедно со изградбата на новиот мост на реката Вардар и реконструкцијата на главната улица во Глумово, ние ќе имаме целосно нова патна инфраструктура од влезот во општината до почетокот на населеното место Матка.

На терен ќе работат екипите на градежната компанија „Ескаватори МК“, а градежните работи треба да завршат за 140 дена. Овој проект е финансиран од Градот Скопје кој за него ќе издвои околу 9,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски