Започна штрајкот во охридската гимназија, штрајкуваат и три самохрани мајки

Од:

Од денеска професорите од Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ се приклучија кон генералниот штрајк кој го организира СОНК. Утрово, мнозинството професори не влегоа на настава. Штрајкувачкиот одбор доставил список со имиња на професори кои го поддржуваат штрајкот и не одржуваат настава.

Заменик претседателот на синдикалната организација и член на штрајкувачкиот одбор овластен за комуникација со медиумите, Ристо Николески во изјава за А1он потенцираше дека во петокот се формирал штрајкувачки одбор и дека таа одлука уредно е доставена до директорот и истата е архивирана со секретарот на училиштето.

gimnazija-ohrid

Морам и имам потреба да ги отфрлам сите шпекулации за политичка конотацијана овој штрајк бидејќи во одредени медиуми од власта му се даде таков тек. Во мое име, за да искажам чисто родољубско чувство ви кажувам дека не сум „комуњар“ или „соросоид“ бидејќи власта со вакви обвинувања, моментално се презентира за вистински патриот Македонец, а сите останати „шпиони“, „удбаши“ и „предавници“ – рече за А1он, заменик претседателот на синдикалната организација, Николески.

Преку 25 професори од утрово не извршуваат настава, а училниците во охридската гимназија се празни. Поддршка на штрајкот дадоа и учениците кои преку транспарент истакнат на гимназијата ги поддржаа професорите кои штрајкуваат. Николески лично не ги обвинува професорите кои се уште немаат решенија и поради притисоци и тешката позиција во која се наоѓаат, не го поддржаа штрајкот.

gimnazija-poddrska

Николески додаде дека доколку продолжи неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства, генералниот штрајк и понатаму ќе продолжи, а ќе се организираат и јавни протести, а доколку и тогаш не се изнајде решение на 06.02.2014 година планиран е централен протест пред ресорните министерства.

Меѓу професорите кои од денеска штрајкуваат во охридската гимназија има и три самохрани мајки кои не подлегнаа на притисоците.

prazni-ucilnici

Директорот на охридската гимназија, Звонко Трпески, кој од денеска ја извршува функцијата директор на училиштето преку допис до медиумите го окарактеризира штрајкот како политички и дека зад него стоел СДСМ.

Утрово определена група професори доставија известување со кое ме информираа дека се приклучуваат на штрајкот организиран од СОНК. Иако на почетокот штрајкот требаше да биде за остварување на определени синдикални права, сепак од  изјавата на членот на Штрајкувачкиот Одбор, Ристо Николески, дадена за локален  медиум, јасно се гледа дека зад штрајкот  стои СДСМ-Охрид, што членот на штрајкувачкиот одбор јасно го истакнува. Навистина е некоректно на воспитно-образовниот процес да се ставаат политички етикети, дотолку повеќе што и самите колеги, истите кои ги убедуваа дека се Синдикат за нивните права, политички ги поделија. Апелирам до колегите кои сега веќе и јавно потврдија која е позадината на овие протести, да се вратат на настава во интерес на нормалното одржување на воспитно образовниот процес – напиша директорот Трпески.

Тој додаде дека како директор на училиштето ќе ги презел сите законски мерки кои што му стоеле на располагање, се со цел учениците да не претрпеле штета од оваа, како што вели, политички мотивирана активност.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски