Започна санирање на улицата „11 Октомври“ во Куманово

Од:

Започна поставувањето асфалт на влезот од Куманово, информираа денеска надлежните од Секторот за урбанизам.

– Асфалтот ќе биде поставен на улицата „11 Октомври“ од влезот на Куманово се до улицата „Сава Ковачевиќ“, во приближна должина од околу 500 метри, информираше помошникот раководител на секторот за урбанизам, Момчило Јовановски.

Санацијата следи откако фирмата „Жикол“ заврши со поставување на канализациска мрежа и беше завршено поставувањето на приклуоците. Претходно, граѓаните вo неколку наврати побараа побрзо санирање на улицата.

Поставувањето на канализационата мрежа се реализира во рамки на проектот „Рехабилитација и проширување на канализациска мрежа во општина Куманово”. Со реализацијата на проектот, вреден 4,3 милиони евра, ќе се решаваат проблемите со собирањето и одведувањето на урбаните отпадни води во општина Куманово.

Со овој проект се очекува да се рехабилитираат околу 25 километри од постоечката канализациска мрежа во Куманово. Проектот се реализира во рамките на оперативната програма за регионален развој 2007-2013 во рамките на инструментот зa претпристапна помош финансиран од ЕУ ,а го спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и општина Куманово.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци