Започна реконструкцијата на патот од Велес до Населбата Превалец

Од:

Во тек е реконструкција на патот од Велес до Населба Превалец, во рамки на проектот кој заедно го спроведуваат Општина Велес, Македонски Железници, Јавното претпријатие за државни патишта и Македонија Пат, во должина од 654 метри.

Предвидено е да се изврши санирање на пружниот премин и коловозот на регионалниот пат.

Увид на работите денеска направи градоначалникот Славчо Чадиев и Томе Јаневски директор на ЈП Македонија пат-Подружница Велес.

Во изјавата за медиумите градоначалникот Чадиев информира дека иако оваа активност не била во рамки на програмата на Општината, сепак се издвоени 8 милиони.

Чадиев појасни дека целосно ќе го реконструираат патот кој ги поврзува населбата Превалец со Велес, ќе го средат и делот од пругата кој ќе биде послан со бекатонски плочки, а за безбедноста во сообраќајот ќе постават и еден легнат полицаец.

– Целокупната инвестиција е повеќе од 8 милиони денари и со тоа ќе им овозможиме на граѓаните на овој дел од градот и од останатите населени места кои го користат да имаат побезбедно движење, информира градоначалникот, Чадиев.

Како што оцени директорот на РЕ „Македонија пат“ Велес, Томе Јаневски коловозот бил доста оштетен и руиниран.

– Ние најпрво го израмнивме, а откако извршивме порамнување сега следува асфалтирањето односно завршниот слој. Ќе се асфалтираат вкупно 4.500 метри квадратни за кои се издвоени околу 5 милиони денари,потенцира Јаневски.

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите