Започна реконструкција на уште еден спортски терен во населбата Аеродром

Од:

Во населбата Аеродром во близина на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ активно се реализира уште еден проект кој значи инвестиција во спортската инфраструктура, како еден од најважните фактори за правилен раст и развој на најмладите, известува Општина Аеродром.

„Инвестиција во овој спортски терен опфаќа поставување нова тартан подлога, нова безбедна ограда, нови голови и кошеви за фудбал и кошарка, како и уредување на околниот простор.

Станува збор за еден од низата проекти за оваа намена кои ќе се реализираат оваа пролет. Наскоро почнува изведбата на нови спортски игралишта – во основното училиште „Љубен Лапе“ и мултифункционален спортски комплекс во Лисиче“, соопштува Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он