ВИДЕО: Започна расправата по одлуката за избор на нов јавен обвинител

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отвори расправата од точката предлог за огласување именување на јавен обвинител на Република Македонија. За дискусија по оваа точка се пријавија повеќе од 15 пратеници, сите од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Координаторот на една од десетте пратенички групи на опозицијата, Илија Димовски своите 15 минути ги искористи да ги повтори ставовите на партијата дека целата процедура околу разрешување на стариот и избор на нов јавен обвинител е противзаконска и се коси со членот 8а од Изборниот законик.

– Ова е арогантно однесување на тенкото парламентарно мнозинство и злоупотреба на Собранието. Пратениците од СДСМ да се преиспитаат што прават и дали и понатаму ќе се повикуваат на пратеничкиот имунитет при прекршување на законите кои самото Собрание ги носи, вели Димовски.

Тој предложи оваа постапка да се стави во мирување и да се продолжи по завршување на локалните избори.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање