Започна изградбата на канализационата мрежа во струшко Франгово

Од:

Во струшкото село Франгово започна изградбата на канализациската мрежа со чија изведба значително ќе се подобри квалитетот на животот на две илјади жители во ова село. Вкупната вредност на договорот е 16,8 милиони денари од кои 14,2 милиона денари ги обезбедивме од ЕУ, додека 2,5 милиони се обезбедени од самата општина, информира заменик-министерот за финансии, Ширет Елези која денеска беше во Струга.

Градоначалникот Рамис Мерко вели дека овој проект е дел од западниот колектор за заштита на Охридското Езеро.

Средствата се обезбедени преку проектот на Светска банка за подобрување на општинските услуги.

Дополнително, како што информира Елези, во Струга се градат канализациски мрежи, локални патишта и водоводни мрежи чија вредност е над 70 милиони денари.

– До крајот на годинава ќе заврши и изградбата на граничниот премин Ќафасан чија вкупна вредност е 92 милиона денари. Дополнително, во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, Струга ќе добие грант средства за фотоволтаични системи за три објекта. Севкупно, во проекти во Струга инвестираме 300 милиони денари, информира Елези.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга