Започна изградба на атмосферска канализација на улиците “Џон Кенеди“ и “Кемал Ататурк“

Од:

Градот Скопје почна со проектот за изградба на атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“.

На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, членови на Советот на Град Скопје, како и претставници од Општина Чаир.

– Со овој градежен зафат, по должината на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“ ќе се изгради нова атмосферска канализација со вкупна должина од 800 метри, каде што ќе се постават цевки со голем профил од 1.200 милиметри. Новата атмосферска канализација ќе заврши во приклучна шахта на улицата „Цветан Димов“. Со изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се подобри одведувањето на атмосферските води од овој дел на општината Чаир и ќе се реши деценискиот проблем на околните жители. Рокот на изведба е 3 месеци, но добивме ветување од изведувачите дека градежните работи ќе бидат поинтензивни и дека истите ќе завршат до почетокот на новата учебна година, кажа градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајановски изјави дека ова е вториот капитален проект којшто почна да се реализира на територијата на Општина Чаир изминативе неколку месеци, заедно со проширувањето на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ и истите се показател за одличната соработка која Градот Скопје со Општина Чаир.

За изградбата на оваа атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“ Градот Скопје ќе вложи околу 23 милиони денари, додека на терен ќе работат екипите на компанијата „ЈУ БАЈ 2 АМЕТ“ ДООЕЛ Скопје.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Бујар Османи го најави проектот „Чаир 48“

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради за да се перат пари“

Предраг Петровиќ

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот