Започна да се гради регионалниот патен правец Теранци-Кучичино

Од:

Согласно општинската програма за изградба на локални и регионални патни правци, градежна механизација на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска започна со изградба на патниот правец од село Теранци до село Кучичино во општината Чешиново Облешево, која делница е дел од Регионалниот патен правец Виница – Штип.

Должината на овој патен правец изнесува 3 километри и во моментот се одвиваат градежни работи за порамнување и проширување на теренот и по завршувањето на подготвителните активности ќе се пристапи и кон следната фаза за асфалтирање на теренот.

– Изградбата на овој пат е од огромно значење за жителите на нашата општина. Со него ќе се намали сообраќајот кој се одвива по магистралниот пат А3 а воедно ќе се скратат над 30 километри до соседните општини, изјави Градоначалникот Костадин Личков.

Делницата Теранци – Кучичино е дел од програмата на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија за изградба на регионалната делница во истокот која ке ги поврзува општините Штип, Карбинци, Чешиново Облешево, Зрновци и Виница. По завршувањето на изградбата на оваа делница Истокот ќе добие комплетно нов алтернативен регионален пат Виница –Штип.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози