Започна акцијата за уредување на стариот градски парк во Куманово

Од:

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ започнаа со акција за расчистување на стариот градски парк во Куманово. Акцијата, најави раководителот на техничко-технололошкиот сектор, Благица Јовановска, информираше дека акцијата ќе трае наредните денови се додека не се исчисти целосно. Во паркот веќе се засадени нови садници и се уредени грмушките. Екипите на претпријатието машински и рачно го уредуваат зеленилото во паркот.

– Планираме отварање нови цветни површини низ градот и се надеваме дека градот навистина ќе биде поубав. Поставуваме и нови контејнери веќе две недели, така ќе се продолжи и во наредниот период. Ги заменуваме со старите кои ги репарираме и повторно ги изнесуваме низ градот онаму каде што имаме потреба, а навистина имаме потреба од поголема количина контејнери за смет. Се надевам дека граѓаните ќе ги почитуваат правилата на однесување во градот, што значи на сметот треба да му биде местото во контејнери, во корпи за смет, изјави Јовановска.

Деновиве екипи на претпријатието интензивно ги уредуваат и парковите, но и островца на повеќе локации во Куманово. Урбаната опрема ќе се поставува континуирано. И во стариот градски парк едно од најубавите зелени катчиња во Куманово ќе бидат поставени клупи во сенките под старите дрвја.

Од претпријатието велат дека размислуваат за проширување на зелените пворшини и формирање нови, проект кој се работи заеднички со општина Куманово. Стариот градски парк е една од најстарите уредени површини во Куманово се наоѓа покрај Липковка река и зафаќа површина од два хектари.

Би можело да ве интересира

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Голем пожар во Куманово, изгореа возила, камиони, автобус, приколка и минибус

Горан Наумовски

Уапсено 19-годишно момче кое носело пиштол, а со него била и малолетничка по која трагала полицијата

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски