Започна акција за чистење и уредување на Државна болница

Од:

Денеска започна акција за чистење и уредување на просторот во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

На почетокот на акција за чистење и уредување на просторот во Комплексот клиники “Мајка Тереза” присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заменик министерот за здравство, Јовица Андонов, како и директорите на јавните претпријатија “Паркови и зеленило”, ”Комунална хигиена” и ”Градски паркинг”, Душан Авировиќ, Ракип Дочи и Борче Јакимовски.

Во оваа голема акција се вклучат јавните претпријатија на Градот Скопје кои во наредниот период со луѓе и механизација ќе работат во Комплексот клиники “Мајка Тереза”.

Екипите на јавното претпријатие “Комунална хигиена” ќе се вклучат во акцијата со луѓе и механизација и ќе работат на чистење на просторот, метење и миење на улиците и собирање на останатиот комунален отпад.

Екипите на јавното претпријатие “Паркови и зеленило” ќе работат на уредување на зелените површини, ќе изврши кроење на крошните на дрвјата и отстранување на исушени гранки.

Екипите на ”Градски паркинг” ќе се вклучат во акцијата со пајак службата и ќе работат на расчистување на просторот.

Во оваа акција ќе бидат вклучени механизација, опрема и повеќе од 130 вработени во јавните претпријатија на Град Скопје.

Иако за одржувањето на овој простор е надлежен самиот Клинички центар, Градот Скопје како и многу пати до сега, ќе продолжи да спроведува вакви акции излегувајќи им во пресрет на граѓаните, и на оваа институција за која е од витално значење хигиената и уреденоста на просторот.

За потсетување, Градот Скопје во месец март оваа година веќе спроведе една ваква акција за чистење и уредување на во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан