Запленето оружје и дрога во битолско, двајца приведени

Од:

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско, сооштија од МВР.

– При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, марихуана, 566 семки канабис, како и други предмети, информираа од МВР.

Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он