Запленети 1,7 килограми марихуана наменета за австрискиот нарко-пазар

Од:

Во полициска акција спроведена вчера попладне, при проверка на лице кое патувало со автобус од Струга за Виена биле пронајдени и запленети околу 1,7 килограми опојна дрога марихуана.

Акцијата била спроведена од полициски инспектори од СВР Охрид и полициската станица во Струга, при што биле откриени осум засебни опаковки со марихуана, залепени околу телото на 19-годишен жител на струпкото село Богојци.

Приведениот имал намера марихуаната да ја предаде на лице во Виена, притоа решавајќи се за автобуски превоз како најбезбеден и несомнителен за транспорт. Тој од Струга тргнал вчера во 16 часот, на редовната автобуска линија за Виена. На излезот од Струга,  автобусот со струшки регистарски таблички бил сопрен од полициска патрола по што извршена е идентификација и преглед врз лицето. Притоа кај него се пронајдени осумте опаковки со марихуана, облепени со бела селотејп трака во пределот на стомакот. Истиот имал задача, опојната дрога марихуана, претходно набавена од Република Албанија, да ја пренесе до Виена за натамошна продажба на австрискиот нарко пазар.

Во набавката на дрогата биле вклучени уште две лица, првиот македонски, а вториот албански државјанин. Тие за разлика од сега приведениот и се добро познати на службата како сторители на казнени дела. СВР – Охрид и полициската станица од Струга преземаат натамошни мерки за нивно пронаоѓање, по што против сите три лица ќе биде поднесена кривична пријава.

Пред крајот на минатата година на истиот патен правец во близина на селото Мислешево во полициска акција беше пресечен нарко-канал што резултираше со заплена на 160 килограми марихуана набавена од Република Албанија наменета за нарко пазарот во Република Македонија и Република Австрија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот