Запленети 139 парчиња охридска пастрмка, приведени две лица од Албанија

Од:

Денеска по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Охрид и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стење ги привеле 22-годишниот Е.Ш. и 25-годишниот М.А. од Република Албанија, извести МВР.

– При контрола во патничко возило „нисан“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 139 парчиња охридска пастрмка со вкупна тежина околу 90 кг, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Албанија кон Република Северна Македонија, соопшти МВР.

Е.Ш. и М.А. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он