На 1 ноември „Транспаренси интернешнл – Македонија“ ќе направи увид во записниците од спорниот избор на обвинители во Советот на јавни обвинители на седницата одржана во јануари годинава, потврдуваат оттаму за „Макфакс“.
Ова следува откако Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер му наложила на Советот на јавните обвинители да им овозможи увид во записниците од седницата од 31 јануари.
Претходно, ова тело кое го води Коле Штерјев, не ѝ ги даде записниците од седницата на невладината организација. По ова, „Транспаренси интернешнл – Македонија“ поднесе жалба до Комисијата, која се произнела позитивно и му наложила на Советот во согласност со Законот да овозможи увид.
Оваа граѓанска организација поднесе и претставка до Здружението на обвинителите и до Етичкиот совет. Од нив се бараше да го проверат работењето, но и постапувањето на претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, како и на членката на Советот, Фиданка Рајевска.
Претседателот на Советот, Коле Штерјов, гласаше при изборот на својата внука Марија Ѓорѓева, но и поради тоа што членката на Советот, Фиданкна Рајевска гласала при изборот на обвинителката Лидија Раичевиќ, која пак, го нејзиниот сопруг за банкарски криминал.
Васко Маглешов