Записниците и претседателката на комисијата велат дека Блажески не навредувал никого

Од:

По тензичната расправа на последната седница на Советот на Општина Охрид, препукувањата продолжија во медиумите. Имено, советникот на Либерално – демократската партија, Дејан Блажески денеска на прес – конференција побара извинување на порталот Охрид 1 и неговиот уредник Љупчо Танески за наведените, како што рече, лаги и невистини за некаква навреда кон претставниците на јавните претпријатија кои биле присутни на Комисијата за финансии и буџет.

Ве информирам и Вас и јавноста дека ниту еднаш на Комисијата за Финансии и Буџет не се обратив кон претставниците на јавните претпријатија во навредлив контекст, уште повеќе употребувајќи зборови кои нити ми прилегаат, нити се ниво за дебата во општина Охрид. Жалам што вашите новинари не се обидоа барем да ме контактираат и да побараат информација околу оваа невистина и дезинформација. Од друга страна, загрижува и фактот дека на седницата од страна на претседателот беше прекршен деловникот и статутот (за што и едногласно и во мој прилог се изјасни и Статутарно – правната комисија) читајќи барање за извинување од советник кон претставник на јавно претпријатие – рече Блажески на денешната прес – конференција.

Во тој контекст, Блажески го прикажа записникот од седницата на Комисијата за финансии и буџет, потпишан од претседателката Јадранска Здравеска. Блажески праша дали новинарот и уредник на порталот, Љупчо Танески е ангажиран како PR на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

zzap

Кога станува збор за етика и професионализам, го прашувам уредникот на Охрид 1,а на порталот стои дека е Љупчо Танески, зошто истиот текст не е потпишан, дали е истиот овој човек е ангажиран и како ПР на Градоначалникот на општина Охрид и доколку е, дали таа позиција му дава за право дотолку да се поигрува со угледот на советниците и на претставниците на јавните претпријатија, пласирајќи лаги и невистини – праша Блажески.

Блажески додаде дека денешната негова реакција е почеток во борбата за професионално известување и ги повика претставниците на јавните претпријатија да кажат јавно дали биле навредени од негова страна.

А1он ја контактираше претседателката на Комисијата за финансии и буџет околу целата врева која се крена на последната седница на Советот. И таа потврди дека немало никакви навреди на седницата на Комисијата и дека дебатата се одвивала нормално и коректно.

Записниците се правени врз база на битните работи кои што се случиле. Беше малку тензично меѓутоа, лично кој како се почувствувал, јас мислам дека немаше некои навреди од таков тип за толку да се искомплицира работата. Во однос на она што се случува на други јавни настапи, ова мислам дека беше во рамките на сосема коректното дебатирање. Немаше никакви отворени напади – рече за А1он претседателката на Комисијата, Јадранка Здравеска која е советник од ВМРО – ДПМНЕ.

Оваа преписка беше причина за тензичниот почеток на последната седница на Советот на Општина Охрид, кога претседателката Гордана Коњановска прочита соопштение во кое се бараше советникот Дејан Блажески јавно да упати извинување кон директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа. По тоа, опозицијата бурно реагираше, а беше свикана и седница на Статутарно – правната комисија која едногласно констатираше дека претседателот на советот нема такви ингеренции да бара извинување од член на совет кон друго лице.

 

Би можело да ве интересира

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски