Запалени 10 контејнери во Скопје

Од:

За време на новогодишните празници, десет контејнери во Скопје биле запалени, соопшти ЈП „Комунална хигиена“.

Најголемиот дел од запалените контејнери се наоѓале на булеварот Партизански одреди, во општината Карпош, а дел биле поставени на улицата Јане Лукроски, во општината Гази Баба, каде што е опожарен и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.

„Со овие постапки се нанесува голема финансиска штета на претпријатието, но и се создаваат проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот. Апелираме граѓаните да престанат со уништувањето на опремата на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје и совесно да го одлагаат својот отпад, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски согласно Оперативната програма за работа“, велат од таму.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан